Грција демантира дека ќе ги продава своите острови

Грчката Влада ги негираше информациите објавени вчера во британскиот весник „Гардијан“, дека планира да продаде дел од своите острови, како начин за прибирање дополнителни средства за излез на земјата од должничката криза. Грчката влада таквите информации ги нарече неточни и навредливи. „Гардијан“ вчера објави дека Грција се подготвува да продаде или понуди на долгорочен лизинг некои од шесте илјади нејзини острови во очајничкиот обид да го отплати огромниот државен долг. Според британскиот весник, едно од местата што ќе бидат понудени на продажба е дел од островот Миконос, кој е главната туристичка атракција во Грција. Сопственик на една третина од островот е грчката држава.