Во Киргистан се откопуваат телата на жртвите од насилствата

Инспекторите во јужниот дел на Киргистан почнаа со ескумација на телата на жртвите од неодамнешните насилстава во земјата. Заеменик министерот за внатрешни работи изјавил дека откопувањето на телата е од големо значење за целосна истрага на случајот . Голем дел од жртвите се уште не се идентификувани бидејќи во согласност со муслиманската традиција биле веднаш закопувани.
Соединетите држави се надеваат дека Киргистан на фер и на транспарентен начин ќе го спроведе утрешниот референдум во земјата.
Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули изјавил дека амбасадата во Бишкек ќе обезбеди мал тим на монитори за изборите , кои ќе бидат дел од еден поголем тим на локални и на меѓународни набљудувачи.Меѓународната организација Хјуман рајтс воч, предупреди дека одлуката да се продолжи со референдум и покрај ризиците од насилство предизвика повторен бран на насилство меѓу Киргизите и Узбеците.