Нов американски амбасадор во Ирак

Од Белата куќа соопштуваат дека претседателот Барак Обама го номинирал Џејмс Џефри за амбасадор во Ирак. Тој ќе го замени Кристофер Хил. Џефри до сега беше американски амбасадор во Турција, а во минатото беше заменик помошник државен секретар за блискоисточни прашања и специјален советник на државниот секретар за Ирак во рамките на администрацијата на Џорџ Буш. Номинацијата на Џефри за амбасадор во Ирак мора да биде потврдена и од Сенатот