САД:Турција да докаже дека останува со Западот

Турција мора да покаже приврзаност кон партнерството со западните земји, изјави помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Филип Гордон. Гордон изјавил дека верува дека Турција и натаму останува приврзана кон НАТО, Европа и САД, но тоа мора да го покаже и на дело. Според Гордон, Вашингтон не може да ја разбере логиката на Турција, поради што се поставуваат многу прашања за ориентацијата на Анкара и за нејзините планови околу стратешкото партнерство со САД. Коментирајќи ги овие изјави на Гордон, турскиот амбсадор во САД, Намик Кан изјави дека е изненаден од ваквите коментари, нагласувајќи дека Турција останува силно приврзана кон НАТО