Македонија продолжува со реформите

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски денеска пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието истакнаа дека и покрај недобивањето датум за преговори со Унијата, Македонија ќе продолжи со исполнување на реформите и оти останува посветена на решавањето на спорот за името.
Претседателката на Националниот совет, Радмила Шекеринска потсети дека Еевропската Ккомисија од Македонија бара подобрување на политичкиот дијалог, измени на Деловникот за работа на Собранието, реформи во администрација и судството и борба против корупцијата.