Романците протестираат против кратењето на платите и пензиите

Стотици романци протестираат денеска во Букурешт во очекување дека Уставниот суд ќе ја потврди како уставна одлуката на Владата за кратење на платите и пензиите во јавниот сектор. Владата предвидува намалување на платите за 25 насто, а на пензиите за 15 насто, со цел да ги исполни условите на Меѓународниот Монетарен Фонд за продолжување на кредитирањето. Демонстрантите бараат од претседателот да ги спречи овие кратења.