Расте вредноста на јуанот

Вредноста на кинеската влаута, јуанот, денеска повторно расте во однос на другите валути. Централната Банка денеска го подигна нивото на јуанот за 0,3 насто во однос на доларот. Пекинг вети дека ќе дозволи пофлекибилен курс на јуанот, но американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека е рано да се каже дали Кина ќе го одржи ветувањето.