Австралија нема да се повлекува од Авганистан

Премиерката на Австралија Џулија Гилард, во нејзиниот прв телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама, го известила дека австралиската политика кон Авганистан нема да се менува. Постоеа шпекулации дека новата премиерка Гилард ќе донесе одлука за повлекување на австралијските војници од Авганистан.