Ситуацијата во Киргистан и натаму тензична

Помошник генералниот секретар на Обединетите Нации, Оскар Фернандез, зад затворени врати, го брифираше Советот за Безбедност за ситуацијата во Киргистан. Тој истакнал дека ситуацијата во Ош и во Џалалабад е смирена, но оти постои загриженост од можни нови насилства. Рускиот амбасадор во ОБединетите Нации Виталиј Чуркин оценил дека кризата во Киргистан е внатрешна работа на таа земја и оти Владата треба да се справи со проблемите.