Хрватска го одбележува Денот на државноста

Во Хрватска денеска се одбележува Денот на државноста во спомен на 26- ти јуни 1991- та година, кога Саборот донесе декларација за прогласување самостојна и суверена држава. Претпладне ќе биде одржана свечена седница на владата на Хрватска, на која е најавено и обраќање на претседателот на државата Иво Јосиповиќ а централната свеченост ќе се одржи во Вуковар.