Протести поради пензиски реформи во Франција

Во Париз денеска протестирале неколку илјадници луѓе поради реформите во пензискиот систем. Полицијата соопштува дека имало околу 47 илјади демонстранти , а според синдикатите на улиците имало повеќе од 130 луѓе. Владата најави дека од 2018-та во пензија ќе се оди со 62 години старост, а не како до сега со 60 години. Од владата велат дека тоа што ќе се оди подоцна во пензија ќе им донесе заштеда од 70 милијарди евра до 2030-та.