Бакиев соработувал со исламистички милитанти?

Киргистанската агенција за безбедност соопштила денеска дека поранешниот претседател на државата Курманбек Бакиев во соработка со исламистичките милитанти е предизвикувач на насилството на југот на земјата. Но Агенцијата нема докази со кој ќе ја потврди наводната вмешаност на Бакиев во етничките конфликти. Шефот на Агенцијата денеска во Бишкек изјавил дека има информации дека Бакиев соработува со исламистичкото движење во Узбекистан. Обвинил и дека семејството на Бакиев платило 30 милиони долари за операција со која ќе се дестабилизира југот на Киргистан.