Претседателот Иванов се обратил пред Советот на Европа

Македонија придонесува за остварување на фундаменталните вредности на Советот на Европа. Македонската демократија која подразбира интеграција без асимилација , ги надополнува и им дава нов квалитет на европските вредности, изјавил претседателот на Mакедонија, Ѓорге Иванов на обраќањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Иванов зборувал и за приоритетите на Македонија и за начинот на кој земјата се справува со предизвиците.