Железничка несреќа во Шпанија, 12 загинати

Најмалку 12 луѓе загинале, а 13 биле повредени кога во нив удрил воз додека се обидувале да ја преминат пругата во едно место во близина на Барселона. На тоа место постои подземен премин за пешаци, но голема група луѓе решиле да ја поминат пругата на недозволено место.