Во Австралија, за прв пат премиер е жена

Австралија, за прв пат во историјата, доби жена за премиер откако владејачката Лабуристичка Партија го смени досегашниот премиер Кевин Рад и ја избра неговата заменичка Џулија Гилард. Премиерката Гилард ќе ја води земјата до новите избори кои се предвидени за неколку месеци. Кевин Рад поднесе оставка поради падот на рејтингот, предизвикан од откажувањето од планот за намалување на загадувањето, како и воведувањето на даноците за супер-профитите на компаниите за јаглен.