САД - на листата на терористи и чеченскиот милитант Доку Умаров

Соединетите Држави го окавлификуваа како терорист чеченскиот милитантен лидер Доку Умаров. Тој самиот се нарекува Емир на Кавказкиот Емират и ја има превземено одговорноста за неколку терористички напади, вклучувајки ги и бомбите во метрото во Москва. Соединетите Држави ќе ги блокираат сметките на Умаров и ќе санкционираат поединци или компании кои работат со него. Квалификацијата на Умаров како терорист е директен одговор на заканите за Соединетите Држави и за Русија , изјави Даниел Бенџамин, координатор за анти-тероризам во Стејт Департментот.