70 илјади бегалци се вратиле во Киргистан


Официјални претставници на Киргистан соопштија дека околу 70 илјади бегалци, кои ги напуштија своите домови поради етничките насилства, се вратиле во земјата. Се проценува дека околу 100 илјади етнички узбеци побегнаа од Киргистан во соседен Узбекистан.