Расмусен му се заблагодари на Меккристал за досегашната соработка

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, преку својата официјална интернет страна му искажа благодарност на сега поранешниот командант на НАТО и САД за Авганистан, генерал Стенли Меккристал за досегашната соработка и за напорот што го вложи во мисијата ИСАФ. Расмусен додаде дека стратегијата во Авганистан и понатаму ќе ја добива подршката од НАТО и дека операциите во Авганистан и понатаму ќе продолжат. Тој им порача на Авганистанците да не се сомневаат дека ќе продолжи мисијата во соработка со нив и дека НАТО ќепродолжи да го заштитува авганистанскиот народ, да ги градат авганистанските безбедносни сили и ќе останат во земјата се додека е потребно да ја завршат работата.