Медведев во потрага по хај-тех инвеститори во САД

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска во Вашингтон ќе се сретне американскиот претседател Барак Обама. Се очекува да разговараат за зајакнување на трговијата и инвестициите. Вчера Медведев беше во Силиконската Долина во потрага по високо технолошки инвестиции. Циско Системс објави дека ќе инвестира една милијарда долари воРусија, вклучувајќи го и рускиот нов високо- технолошки центар во Сколково.Медведев во склоп на својата американска турнеја го посети и Сан Франциско каде се сретна со првите луѓе на Твитер Мрежата.