Европскиот Парламент апелира за решавање на кризата во Албанија

Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент усвои Резолуција за интегративниот процес на Албанија. Со документот се апелира за транспарентно надминување на политичката криза во земјата.Албанскиот премиер Сали Бариша го поздрави усвојувањето на Резолуцијата и ја протолкува како „знак за конечно укинување на визите за алабанските граѓани“ пренесува новиската агенција МИА.