Турција не добива подршка од Европа во борбата со тероризмот

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска обвини дел од европските држави дека не ја помагаат доволно Турција во борбата со курдските бунтовници бидејќи не ги екстрадираат терористите и не ги блокираат сметките на нивни финансиери. Турскиот премиер не именувал ниту една држава. Тој изјавил дека Курдската работничка партија претставува голема закана за не само за Турција туку и за балканските држави и за Европа, бидејќи ПКК се занимава не само со тероризам туку и со организиран криминал и со трговија со наркотици.