Во Авганистан загинале 4 НАТО војници

Најмалку 4 војница на НАТО загинале денеска во напади во Авганистан. Овој месец загинаа вкупно 73 војници на Алијансата . Во денешните напади загинал еден британски војник, а за другите војниции се уште не се знае од каде се. Јуни е втор по ред смртноносен месец за војниците на НАТО. Најсмртоносен беше август минатата година ,кога за еден месец загинаа 77 војници. Оваа година досега загинале 293 војници.