Лидингтон:промените за влез во ЕУ, се за добро на Македонија

Промените што се потребни за влез на Македонија во Европската Унија се во интерес на земјата, изјавил министерот за Европа на Велика Британија Дејвид Лидингтон. Тој денеска пред пратениците во Собранието на Македонија изјавил дека нерешавањето на името е извор на фрустрации и порачал лидерите на партиите да се фокусираат на решавање на спорот. Колку побрзо се реши, толку подобро, изјавил Лидингтон.