Белорусија ја платила мајската сметка за гас

Руски Гаспром денеска потврди дека Белорусија ја платила сметката за мај и тоа по цена која ја одредува руската компанија. Инаку Белорусија сметките од јануари до април ги плакаше по пониска цена од таа која ја бараше Гаспром. А таа разлика доведе до долг од 192 милиони долари, заради кој Русија и ја намали испоракакта на гас на Белорусија. Од Гаспром изјавиле дека Белорусија мора да го плати без одлагање заостанатиот долг. Денеска дополнително беа смалени количините на гас кои се испорачуваат во Белорусија.