Јозеф Даул бара ЕУ да одреди датум за Македонија

Европската Унија да определи датум за почеток на преговори за членство на „поранешната југословенска република Македонија“ побарал претседателот на Европската народна партија во Европскиот парламент, Јозеф Даул по посетата на Скопје. Даул изјавил дека не смее да се чека повеќе и дека се надева дека белгиското Претседателство ќе го слушне неговиот повик .