Груевски се сретнал со претседателите од регионот

Премиерот Никола Груевски на маргините на Самитот на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа, се сретнал со претседателите на Словенија, на Хрватска и на Албанија. МИА јавува дека на средбите се разговарало за продлабочување на политичките односи меѓу државите, а посебно се осврнале на исполнувањето на реформите за членство во ЕУ и НАТО. Но зборувале и за економска соработка, инфраструктурни проекти и трговската размена.