Папандреу: нови напори со Груевски за решение на спорот со името?

,,Подготвени сме во најкраток рок да го најдеме потребното заедничко прифатливо решение за спорот со името,,. Ова, како што јавува МИА, го изјавил грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска во обраќањето на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Тој додал дека со македонскиот премиер Никола Груевски покренале иницијативи и нови напори за решавање на ова прашање, под покровителство на Обединетите нации. ,,Наоѓањето решение не е потребно само поради билатералните односи, туку и да се испрати силен сигнал до целиот регион,, изјавил Папандреу. На Самитот во Истанбул учествува и премиерот Никола Груевски.