Белорусија го блокира транзитот на руски гас за Европа

Белорусија почна да ги блокира испораките на руски гас за европските пазари низ нејзина територија, поради спорот околу долгот за неплатен гас. Претседателот Александар Лукашенко нареди затворање откако Русија ги скрати за една третина испораките на гас за оваа земја. Руската компанија Газпром тврди дека Белорусија должи околу 200 милиони долари за испорачаниот гас, додека официјален Минск соопшти оти Газпром има исто толкав долг за транзитот низ Белорусија.