Можно сменување на генерал МекКристал

Американскиот претседател Барак Обама не ја исклучува можноста за сменување на командантот на меѓународните сили во Авганистан генерал Стенли МекКристал, поради неговите изјави за списанието Ролинг Стоун, во кои ја критикува американската администрација. Според портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс, сепак треба да се почека средбата на Обама со МекКристал, закажана за денеска во Вашингтон. Како што јавуваат агенциите, генералот во написот отворено се подбивал со потпретседателот Џо Бајден, амбасадорот на САД во Кабул и со пратеникот на Белата куќа за Авганистан и Пакистан Ричард Холбрук.