Во САД забранети „лајт“ цигарите

Во САД стапи во сила законот за забрана на продажба на т.н. „лајт“ цигари, според кој не е дозволено користење на термини поради кои би можело да се стекне впечаток дека цигарите не се штетни. Забрането е и производителите на цигари да спонзорираат спортски, музички или други културни манифестации, а ќе биде забрането и продавање на тутун и цигари на помлади од 18 години.