Аргентина и Јужна Кореја се пласираа во осминафинале

Фудбалските репрезентации на Аргентина и на Јужна Кореја се пласираа во осминафиналето на Светското првенство во Јужна Африка. Во третото коло Аргентина ја победи Грција со 2:0, а Јужна Кореја и Нигерија играа нерешено 2:2. Во осминафиналето се среќаваат Аргентина- Мексико и Јужна Кореја- Уругвај.