Бегалците Узбеци се враќаат во Киргистан

Илјадници етнички Узбеци почнале да се враќаат во киргистанските градови Ош и Џалалабад . Киргистанските гранични власти соопштиле дека околу 35 илјади Узбеци ја преминале границата со Узбекистан и се враќаат дома. Се проценува дека 100 илјади Узбеци го напуштиле Киргистан ,а 300 илјади се внатрешно раселени.