Карзаи:Талибанците ќе се тргаат од „ црната листа “ на ОН

Од Кабинетот на претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска соопштиле дека талибанците кои се наоѓаат на „црната листа“ на О постепене ќе се тргаа од неа . Одлуката ја донеле на состанокот со високи дипломати на 15 земји членки на Советот за безбедност на ОН на денешниот состанок во главниот град на Авганистан. Средбата е иницирана на почетокот на месецот по мировната конференција во Авганистан, кога се донесе одлука да се ревидира списокот со Талибанци. ОН имаат листа на 137 имиња на луѓе кои се поврзани со Талибанците и со Ал Каеда на кој им се забранува или ограничува патувањето надвор од Авганистан. Најмалку 5-мина од списокот сега се функционери и посредуваат за односи меѓу владата и бунтовниците.