Курдска радикална група виновна за нападот во Истанбул

Курдска радикална група „Јастребите за слободен Курдистан“ ја презела одговорноста за нападот на автобус во Истанбул, при кој загинаа 5 луѓе а 12 се повредени. Во автобусот се превезувале воени лица и членови на нивните семјства. Четири од жртвите биле воени лица а едниот цивил. Денешниот напад доаѓа како одговор на вчерашната одлука да се распоредат турски трупи по границата со Ирак каде се наоѓаат засолништата на курдските бунтовници.