Мали шанси за подобрување на односите Ерменија-Турција

Мали се шансите да се обноват односите меѓу Ерменија и Турција, изјавил ерменскиот претседател Серж Саркасијан. Тој изјавил дека актуелната политика на Турција не е поволна за подобрување на односите. Односите меѓу двете земји се влошени со децении поради спорот во врска со убивањето на Ерменци од страна на Турците во 1915-та година. Саркасијан изјавил дека не е оптимист дека наскоро односите можат да се подобрат