Коморовски:полските војници ќе се повлечат од Авганистан

Кандидатот за претседател на Полска Бронислав Коморовски, изјавил денеска дека ако биде избран за шеф на државата ќе ги повлече полските војници од Авганистан до 2012-та. Коморовски кој по смртта на Лех Качински ја врши должноста претседател, по кратката посета на контингентот на Полска во Авганистан изјавил дека наредната година ќе почне со повлекување на полските војници. Ова изјава ќе му донесе дополнителни гласови, бидејќи многу луѓе се за повлеќување на војниците од Авганистан.