Црна Гора најбогата во регионот меѓу земјите кои не се во ЕУ

Црна Гора е најбогатата од земјите во регионот, меѓу земјите кои не се членки на ЕУ , покажуваат резултатите од истражувањето на европската агенција „Евростат“. Во списокот на „Евростат“ се наоѓаат земјите-членки на ЕУ, кандидатите и потенцијалните кандидати, како и Норвешка и Швајцарија. Црна Гора се наоѓа пред Србија, Босна и Албанија. Стандардот во Црна Гора според податоците на „Евростат“ е повисок во споредба со Македонија, која е кандидат за членство во ЕУ, но и од Бугарија, која е веќе членка на Унијата. Индексот на Црна Гора е блиску и до индексите на Турција и Романија, но е далеку под просечното ниво за Унијата. Најбогатата земја од регионот по Словенија е Хрватска , додека прва држава од ЕУ, е Луксембург.