Жена на чело на финската влада

Финскиот парламент денеска одобри Мари Кивиниеми да стане премиер. Таа е втора жена премиер во историјата на нордиската земја. Мари Кивиниеми доаѓа на местото на Мати Ванханен кој се повлече од здраствени причини. Во текот на денот претседателот на Финска и официјално ќе ја назначи Кивиниеми за премиер на државата.