Оставка на министер во Ирак поради рестрикции на струја

Ирачкиот кабинет денеска ќе одржи состанок на кој ќе се разгледува барањето за оставка на министерот за електрична енергија. Оставката на министерот уследи по протестите во неколку ирачки градови поради рестрикциите на струја. Илјадници луѓе протестрираа денеска во Карбала, вчера имаше протести во Насирија, а во саботата во Басра. Во судири меѓу полицијата и демонстрантите , двајца луѓе загина а неколку се повредени. Луѓето се побунија што министерот за електрична енергија донесе одлука на секои 5 часа да имаат по еден час струја во услови кога температурите се 50 степени. Министерот вчера си поднесе оставка.