Македонско - Чешки бизнис форум во Скопје

Македонија и Чешка имаат традиционално добри односи, силна историска и кутурна соработка, но за најважни ги сметаат економските и затоа и двете земји во иднина треба да се концентрираат на нивниот развој. Ова го оценија македонскиот и чешкиот претседател, Ѓорге Иванов и Вацлав Клаус на денешниот бизнис-форум во Скопје на кој присуствуваа претставници од 60-ина компании од двете земји.
Во рамките на бизнис-форумот, беше потпишана и Спогодба за формирање Македонско-чешки деловен совет, чија основна задача ќе биде унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Чешка.