Осуда на планот за уривање палестински куќи во Ерусалим

Министерот за одбрана на Израел Ехуд Барак денеска оцени дека одобрението на градската управа на Ерусалим за уривање на 22 палестински куќи поради модернизација на градот, е надвор од умот. Барак, кој е во посета на Соединетите Држави, изјави дека таквата одлука е неразумна и без чувство за времето.