Бомбашки напад во Истанбул, тројца загинати

Три лица загинале, а шестмина биле ранети во денешниот бомбашки напад врз воен автобус во Истанбул. Агенциите прецизираат дека нападот бил изведен во популарниот кварт Халкали, на европската страна на градот. Засега не е познато кој стои зад нападот. Медиумите се сомневаат дека одговорна била забранетата курдска сепаратистичка организација ПКК која деновиве се закани со напади во сите градови на Турција поради големата турска операција против курдите на границата со Ирак.