Милошоски: Македонија развива мултиетничко општество

Македонија има цел да развие функционална демокрартија во едно мултиетничко општество, рече министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по обраќањето пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа.
Одговарајќи на прашање за меѓуетничките односи во земјава, Милошоски рече дека Македонија не е идеална земја и оти не претендира дека е идеално општество.
Од нашата независност, Македонија успеа, понекогаш и во не многу поволни услови, да одржи поволни меѓуетнички односи, рече Милошоски.