10 војници на НАТО загинаа во Авганистан

Десетмина НАТО-војници загинаа вчера во Авганистан во одделни инциденти. Тројца австралиски командоси и еден американски војник загинаа во хелихоптерска несреќа во јужната провинција Кандахар. Ова е најголема загуба за австралиската армија во еден ден, во речиси деветгодишното војување во Авганистан.
Другите војници се загинати во други инциденти.