Саудиска Арабија има двојно повеќе злато отколку што се претпоставувало

Централната Банка на Саудиска Арабија има двојно повеќе злато отколку што се претпоставуваше , се наведува во јунскиот извештај на Светскиот совет за злато. Светскиот совет за злато проценил дека саудските резерви на злато изнесуваат 322,9 тона, а претходно имала 143 тона. Аналитичарите оценуваат дека порастот може да се должи и на тоа што земјата во текот на 2008 за време на глобалната криза кога златот беше поевтино, купувала повеќе злато. Цената на златото оваа година растеше, а последната цена е 1.258 долари за унца. Ако се земе таа цена предвид , вкупните резерви на саудиско злато изнесуваат околу 14, 33 милијарди долари.