Папандреу:Членството на Западен Балкан во ЕУ , ќе придонесе за мир во регионот

Иницијативата на грчката Влада , 2014 година да се одреди како рок за членство на земјите од Западниот Балкан во Европската унија ќе ја унапреди не само економијата туку и мирот во регионот, изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Њујорк, каде присуствува на дводневниот состанок на Советот на Социјалистичката интернационала Папандреу изрази надеж дека паралелно со европските интеграции во регионот ќе се одвива процесот кој ќе придонесе за решавање на главниот проблем кој се однесува на Косово и на спорот со Македонија. Тој истакна дека кога станува збор за долгогодишниот спор со Македонија, познат е ставот на Грција - да се договори име со географска одредница.