Сејдиу:Косово има цел да стане членка на ЕУ и НАТО

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјавил дека целта на Косово е да влезе во ЕУ и НАТО. Сејдиу изјавил дека земјата има добри односи со сите соседи освен со Србија, и покрај тоа што Косово е заинтересирано да воспостави односи со Белград како две независни и суверени страни. Претседателот на Косово изјавил дека со Белград може да разговараат за се, освен за статусот и за територијалниот интегритет на земјата.