Расте бројот на наркозависници во Авганистан

Се зголемува бројот на наркозависници во Авганистан. Од 2005 наваму нивниот број се удвостручил, се наведува во извештајот на ОН . Речиси три проценти од возрасните Авганистанци се зависници од хероин и опиум. Бројот на зависници од дрога се зголемува и покрај кампањите на Соединетите држави за откажување од дрогата. Зависниците од дрога во Авганистан објасниле дека почнале да земат дрога за полесно да ја поднесат војната. Деведесет проценти од светскиот пазар на опиум се снабдува од Авганистан.