Инспектори на ОН нема да влезат во Иран

Иран нема да им дозволи на двајцата инспектори за нуклерани работи на ОН за влезат во земјата, изјавиле високи ирански преставници. Шефот на иранската агенција за Атомска енергија изјавил денеска дека Иран нема да им дозволи на инспекторите да влезат во земјата и да изготват извештај за нуклеарната програма на Техеран. Во извештајот кој инспекторите го изработија во мај, пишуваше дека Иран подготвува екстра опрема за збогатување на ураниум. Советот за безбедност на ОН на 9 јуни ја усвои четвртата рунда на санкции кон Иран, затоа што се сомневаат дека Техеран произведува нуклеарно оружје. Иран го негира тоа.