Еден човек е убиен во рација на киргистанските сили во Ош

Најмалку еден човек бил убиен додека киргистанските безбедносни сили вршеле рација во узбечките населби во градот Ош. Градот кој се наоѓа на југот од земјата беше центар на насилствата меќу Киргизите и Узбеците во кои загина најмалку 208 луѓе, илјадници беа повредени, а повеќе од 400 илјади се внатрешно раселени или бегалци. Локалните власти објасниле дека безбедносните сили проверувале дали има оружје кај Узбеците. Кургистанските власти вчера започнаа со остранување на бариерите кои Узбеците ги беа поставила околу своите населби.